ТАА Е МОЈОТ ХЕРОЈ Трогателни сцени во Турција во морето од страшни вести, татко и ќерка повторно (ВИДЕО)

Гада и Ахмет беа под урнатините со денови, но животот го загубија сопругата на Ахмет и неговиот седумгодишен син.

6,742

Бројот на жртвите во Турција од час во час се зголемува и надмина 40.000. Неколку илјади луѓе загинаа и во соседна Сирија. Сепак, во морето на страшни вести, има и добри, како оваа.

Четиригодишното девојче Гада Ајан и нејзиниот татко Ахмет беа повторно споени откако со денови беа заробени во урнатините. Гада била спасена и пренесена во болница.






Гада и Ахмет беа под урнатините со денови, но животот го загубија сопругата на Ахмет и неговиот седумгодишен син.

– Кога почна да се тресе, ја грабнав ќерка ми и целото семејство почна да трча. Куќата ни се урна врз сите – изјави Ахмет во интервју за Си-Ен-Ен Турк. За жал, неговата сопруга и седумгодишниот син не успеале да се спасат.

Ахмет го слушал плачот на синот додека бил заглавен. Гада лежеше на ногата на Ахмет и двајцата биле заробени. На четвртиот ден под урнатините, Ахмет изгуби секаква надеж, но малата Гада не му дозволи да се откаже.

– Постојано ми велеше да престанам да плачам и да гледам во светлината што се пробива. Тоа ме одржа во живот – рекол Ахмет. Гада прва била извлечена со гребнатинка, додека половина час подоцна спасувачите успеаја да го откопаат и Ахмет.

– Тоа е моето мало девојче. Таа е мојот херој – заклучил таткото на четиригодишната Гада.

Поврзани содржини