Американската водителка Дафни Оз, ќерка на популарниот Доктор Оз, е во брак Србин со кој има четири деца. Близнаците Филомена и Биџоу имаат 5,5 години, Јован 4, а Доменика Селин 2 години.
Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг Џон Јовановиќ е со потекло од Србија, таа одлучила на синот да му даде српско име.
– Синот го нарековме Јован Јовановиќ јуниор. Мојот сопруг е Србин и синот го доби името по неговиот татко. Го викаме Џон-Џон – открила водителката пред 5 години.
Дафни (29) е ќерка на популарниот ТВ-доктор Мехмед Оз. Таа и Јовановиќ, кој се занимава со инвестиции, се запознале на колеџ, а се венчале во август 2010 година во српската православна црква во Портланд.