ТАА Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ, НО СОНУВА ЗА ЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ Кајли Миног посакува да биде поканета на старомодна божиќна канцелариска забава

Додека ги открива празничните планови, пејачката Кајли Миног открива „фантастична“ божиќна традиција што НИКОГАШ не ја пробала. И тоа не е само песна од нејзиниот нов албум, туку вистинска желба

2

Кајли Миног е една од најголемите ѕвезди во светот, но сонува за едноставен живот овој Божиќ, пишува The Sun.

Додека одбројува до големиот ден, пејачката на „I Should Be So Lucky“ открива дека нема дијаманти на нејзината празнична листа на желби.






Наместо тоа, пејачката сонува да биде поканета на добра старомодна божиќна забава во канцеларија.

Нејзиниот нов празничен албум, Kylie Christmas (Fully Wrapped) дури има и песна посветена на канцелариските новогодишни забави.

Во песната полна со инсинуации, Office Party, може да се чуе како секси Кајли вели:

– Знаете, никогаш не сум била ниту на една, но слушнав дека се многу забавни. Па кажи ми, можеме ли да одиме на една?

Кога ја прашуваат дали Кајли навистина никогаш не била на канцелариска забава преку нејзината издавачка куќа или едноставно е тоа само начин да се направи добра песна, пејачкате се смее: – Не сум била! Доаѓа од моја перспектива додека ја пишував. Сме имале канцелариски забави, но тоа е некаде зад сцената. Никогаш не сум работела во канцеларија, па затоа ми е тоа како фантазија.

Откако ѝ велат дека таа всушност гламурозно ја прикажува секојдневната работа од девет до пет што ја поднесуваат повеќето луѓе, Кајли вели:

– Ја почитувам дека е тоа „ден за ден“, но некако, како, сè да се менува на канцелариските забави.

Што се однесува до нејзините сопствени божиќни планови, Кајли ќе го види во големиот ден дома во Австралија.

Инаку, за Божиќ Кајли вели дека веројатно ќе биде скриена, планирајќи скара.

– Сепак, го сакам ладниот Божиќ. Ќе видите во Fully Wrapped, многу сум под влијание на британскиот Божиќ. Мислам дека може да биде премногу жешко и ние во Австралија правиме други работи за Божиќ. Прославуваме, но е различно. Секој Австралијанец ќе ви го каже тоа – вели таа.

Следната година австралиската пејачка Кајли Миног планира да се повлече од центарот на вниманието, откако работеше неуморно две години, имаше два албуми број 1 во Велика Британија и светска турнеја со 66 настапи.

 

– Се чувствувам како да не сум застанала. Беше тоа гигантска година, но замислувам дека ќе правам музика само од љубов кон неа и можеби ќе вложам во некои работи.  Снимањето на божиќниот албум во моите паузи од турнејата „Tension“ можеби не беше толку мудро, но го обожавам.

 

Поврзани содржини