ТАЈВАН РАСПОРЕДУВА ВОЕНИ СИЛИ ОКОЛУ ОСТРОВОТ КАКО ОДГОВОР НА КИНЕСКИТЕ МАНЕВРИ Растат тензиите меѓу двете држави

Тајван нареди распоредување на воени сили откако Пекинг мобилизираше 32 авиона околу Тајван и најави вежби со боева муниција во област на околу 74 километри од островот.

164

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека денеска било наредено распоредување на сили околу островот, како одговор на кинеските воени маневри.

Пекинг мобилизираше 32 авиона околу Тајван и најави вежби со боева муниција во област на околу 74 километри од островот.






Тајван наредил воздушните, копнените и поморските сили да „набљудуваат, предупредуваат и да реагираат на соодветен начин“, се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението се додава дека кинеските вежби го зголемиле ризикот за безбедноста на меѓународните летови и бродови, а претставуваат и очигледна провокација во однос на регионалната безбедност и стабилност.

Кина во последните години сè почесто распоредува авиони и воени бродови околу Тајван, за кој тврди дека е дел од кинеската територија. Пекинг не го исклучува користењето на сила за преземање на контрола врз островот.

Поврзани содржини