ТАЈНО ПОГРЕБАН УБИЕЦОТ ОД ГРАДАЧАЦ? Нермин бил закопан на 40 километри од градот
Денеска е наредено вештачење на мобилниот телефон на убиецот кој може да открие со кои судии и полицајци разговарал, кој бил „кртот“ и кој ја открил адресата на неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која ја уби, а убиството го пренесуваше во живо на својот Инстаграм профил.
Убиецот од Градачац кој го потресе целиот регион со тројно убиство бил погребан во целосна тајност во четвртокот наутро. Регионалните медиуми пишуваат дека Нермин Сулејмановиќ наводно бил погребан на непозната локација во Грачаница, место на 40 километри од Градачац.
Денеска е наредено вештачење на мобилниот телефон на убиецот кој може да открие со кои судии и полицајци разговарал, кој бил „кртот“ и кој ја открил адресата на неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која ја уби, а убиството го пренесуваше во живо на својот Инстаграм профил.
Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе бил пријавен во полиција за семејно насилство. Ја уби сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежеше во локва крв и плачеше.
Откако ја претепа и ја уби својата сопруга, Нермин уби уште две лица, татко и син (23), турски државјани, Џенгиз и Денис Ондер. Во крвавиот пир ранета е и мајката, поточно сопругата на убиениот, која е во критична состојба на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Тузла, а тешко рани и полицаец.
Според информациите до кои дојде тузланскиот портал „ГП Маљевац“, Сулејмановиќ имал љубовна врска со ќерката на полициски инспектор во МУП ТК, која ја тренирал и во теретана.