ТАЈНИТЕ НА ТРАМП ИЗЛЕГУВААТ НА ВИДЕЛИНА Судот дозволи објавување на 700 страници доверливи документи

Со оваа одлука судијката Тања Чуткан ги запре обидите на поранешниот американски претседател да ги зачува во тајност повеќе од 700-те страници документи.

646

Американски сојузен суд му дозволи на Претставничкиот дом на САД пристап до стотици страници доверливи документи од времето на претседателствувањето на Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние за нападот на Капитол во Вашингтон на 6 јануари.

Со оваа одлука судијката Тања Чуткан ги запре обидите на поранешниот американски претседател да ги зачува во тајност повеќе од 700-те страници документи.






Адвокатскиот тим на Трамп најави дека ќе се жали на одлуката, јави Си-Ен-Ен.

Според одлуката на судијката, Националниот архив во петок на пратениците треба да им ги предаде бараните записници од телефонските повици во Белата куќа, видеата поврзани со 6 јануари, како и три страници рачно напишани белешки на тогашниот шеф на кабинет на Трамп.

„Претседателите не се кралеви, а обвинителот не е претседател“, напиша Чуткан.

Чуткан наведе дека барањата на поранешниот претседател немаат предност пред одлуките на актуелниот претседател за заштита на привилегираните информации на извршната власт и дека претседателската привилегија „постои во корист на Републиката, а не на поединецот“.

Претставничкиот дом пред судот наведе дека Трамп нема право да чува доверливи документи од времето на неговото претседателствување и дека таа документација им е потребна на пратениците за да ги реконструираат дејствијата на Трамп од 6 јануари и неговите обиди да го поткопа легитимитетот на изборите во 2020 година.

Поврзани содржини