🎥 ТАЈНИОТ КОМПЕКС НА ТИТО ЌЕ СТАНЕ ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА МИГРАНТИ? Локалното население жестоко се противи
Жељава, комплекс изграден во тајност за време на Студената војна, се протега на повеќе од 300 хектари, и во него има касарни, тунели и пет писти, од кои три се во Хрватска, а две во Босна и Херцеговина.
Градоначалникот на Плитвичка Језера, Хрвоје Матејчиќ, повика на протест пред општинското седиште во Кореница против планот на Министерството за внатрешни работи на Хрватска да отвори центар за мигранти на поранешниот воен аеродром Жељава.
Локалното население е против сместување на 1.500 мигранти и поставување на 450 контејнери, како и идната изградба на нови објекти. Тие истакнуваат дека тоа ќе го загрози локалното население, ќе го наруши туризмот и нема да има институционална грижа за развојот на регионот.
Жељава, комплекс изграден во тајност за време на Студената војна, се протега на над 300 хектари со касарни, тунели и пет писти, од кои три се во Хрватска, а две во Босна и Херцеговина. По распадот на ЈНА во 1992 година, комплексот беше делумно уништен и денес потпадна под управата на Личко-сењската жупанија, додека сопственост на објектот има државата.
Општината смета дека Жељава има голем потенцијал за туризам, европски центар за податоци, спортски аеродром или домови за стари лица, но секој обид за развој во изминатите години пропаднал.