📽️ ТАЈНИОТ БУНКЕР НА НЕТАНJAХУ Е ПОД БОЛНИЦА ВО ТЕЛ АВИВ? Снимка на Телеграм сугерира дека 12-дневната војна била раководена под земја
Иран, на 19 јуни, за време на 12-дневната војна, соопшти дека извршил „високопрецизни“ напади над воени цели во близина на болницата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и високи израелски функционери одржувале состаноци во штаб под најголемата болница во Тел Авив, Сорока, се тврди во снимка која ја објавија ирански канали на Телеграм. Според 3Д-анимацијата, бункерот на Нетанјаху е строго чуван и има 4 подземни ката.
Самата болница има 13 ката над земја. Подземните 4 ката, според тврдењата во видеото, биле адаптирана како воен команден центар за време на 12-дневната војна со Иран. На мапата се прикажани тунели што водат директно до командниот штаб на израелската војска, наменети за безбедно прибирање на највисокото раководство во случаи на кризна состојба.
Иран, на 19 јуни, за време на 12-дневната војна, соопшти дека извршил „високопрецизни“ напади над воени цели во близина на болницата.
Published for the first time:
New details of the bunker used by #Netanyahu and other #Israeli leaders under the “Ichilov” building, #TelAviv‘s largest public hospital. pic.twitter.com/oLVYThgRoI— Mohammad Ghaderi | محمد قادری (@ghaderi62) July 4, 2025
Денеска, 7 јули, Нетанјаху треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Тема на разговорите ќе биде предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа и да ја координира стратегијата по израелските напади врз Иран и јеменските Хути.
– Ова е моја трета средба со претседателот Доналад Трамп од неговиот избор пред шест месеци – изјави Нетанјаху на аеродромот Бен Гурион, пред да замине за Вашингтон.