ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ГО СЛЕДЕЛА И СЕМЕЈСТВОТО НА МИЦКОСКИ?! Скандалот со прислушувањето добива сѐ поголеми размери, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен закана СДСМ да си замине од власт. Ова нивно признавање за петгодишно следење и прислушкување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство било предмет на следење на тајните служби“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

2,000

Скандалот со прислушувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени, добива сè поголеми размери, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И СДСМ и поранешниот нивен директор на АНБ, Виктор Димовски признаваат дека имало следење и прислушување на неистомислениците, критички кон нив настроените новинари, јавни личности. Во обид да се извлече од целата ситуација, откако СДСМ потврди дека имало прислушување, Димовски призна дека во период на изборни циклуси во државата процениле дека било неопходно да се следи ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Мицкоски, како тогашна опозиција. Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен закана СДСМ да си замине од власт. Ова нивно признавање за петгодишно следење и прислушкување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство било предмет на следење на тајните служби. Овие безбедносни служби, наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДСМ, а главен извршител бил Виктор Димовски. Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично-правни последици има тоа и токму затоа треба јавно да признае што и по чија наредба од врвот на политиката правел“, се вели во соопштението.






Ова следење и прислушкување, наведено е таму, не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна токму СДСМ го избира за државен јавен обвинител, како и Врховниот суд.

„Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане несанкциониран и одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини