Тајната на бракот на Вил Смит: Сопругата во кревет со другар на нивниот син, а актерот го „благословил“ неверството?!
ТВ-водителката и поренешна глумица во интернет-емисијата „Црвена маса“, чијашто домаќинка е самата таа, призна дека била со друг маж.
Сопругата на актерот Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, одлучи јавно да ги оконча гласините за нејзиниот брак… ТВ-водителката и поренешна глумица во интернет-емисијата „Црвена маса“, чијашто домаќинка е самата таа, призна дека била со друг маж.
Пејачот Август Алсина неодамна на интернет се пофали за неговата авантура со сопругата на Вил Смит, која инаку, е 21 година постара од него. Патем, Алсина бил другар на нивниот син. Сето тоа изненади многумина од обожавателите на парот, бидејќи нивната врска долго време важеше за една од најстабилните и најомилените во Холивуд.
Уште повеќе, момчето тврди дека Вил знаел и „ѝ дал благослов“ за тоа на неговата сопруга.
Џејда, како одговор на сѐ ова, јавно призна во етерот, дека навистина имала куса врска вон бракот пред четири години.
Се покажа дека во 2015 година бракот на Смитови „висел во воздух“ и парот решил привремено да се раздели. Тогаш, односно дури по прекинот, Џејда почнала куса врска со младиот пејач. Сопругата на Смит признава дека тогаш барала среќа надвор од бракот, но на крајот сфатила дека сака да се врати кај нејзиниот сопруг.