📷 ТАЈНА ВЕНЧАВКА Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон се ожени со 24 години помлада актерка
Парот, за чија врска почна да се шпекулира во февруари 2023 година, блескал од среќа и љубов додека го изговарале судбоносното „да“ пред своите најблиски.
Актерот Џастин Теру (54) повторно се ожени, осум години по неговиот развод со славната актерка Џенифер Анистон. Во текот на викендот, Теру стапи во брак со актерката Никол Брајдон Блум (30), на интимна церемонија на плажата во Тулум, Мексико. Парот, за чија врска почна да се шпекулира во февруари 2023 година, блескал од среќа и љубов додека го изговарале судбоносното „да“ пред своите најблиски.
Иако списокот на гости поканети на свадбата на Џастин и Никол бил многу мал, на церемонијата присуствувал саканиот питбул Кума на младоженецот, кој тој го посвои од засолниште по ураганот Харви. Џастин Теру ја опсипувал со нежност својата невеста Никол Брајдон Блум и ѝ ја бакнал раката додека танцувале на белиот песок. Фотограф ги овековечил овие романтични моменти.
View this post on Instagram
Блум, која го запознала младоженецот преку заеднички пријатели, носела неверојатна бела тоалета со долг превез. Теру за овој свечен момент избрал црни панталони и бел палто.
Откако си ги размениле свадбените завети, г-дин и г-ѓа Теру се пресоблекле и отишле на капење во океанот.
На вљубениот пар подоцна им се придружиле неколку пријатели и членови на семејството додека се релаксирале во бујното зеленило на одморалиштето на полуостровот Јукатан.
Jennifer Aniston’s ex-husband Justin Theroux, 53, secretly marries 30-year-old girlfriend in front of a very special guest pic.twitter.com/L2PaPZYYxT
— Simo Saadi🇺🇸🇲🇦 (@Simo7809957085) March 17, 2025
Ова е прв брак на Никол, додека Теру претходно беше во брак со Џенифер Анистон од 2015 до 2017 година.