ТАЈНА ВЕНЧАВКА ПO ДЕСЕТ ГОДИНИ ВРСКА Синот на холивудскиот снагатор и манекенката го кажаа судбоносното „Да“
Актерот Патрик Шварценегер и неговата долгогодишна девојка, моделот Аби Чемпион, го кажаа судбоносното „Да“ на 6 септември на гламурозна церемонија покрај езеро во Ајдахо.
Холивудската бајка стана реалност, а невестата маѓепса со фустан прекрасен како сон
Актерот Патрик Шварценегер и неговата долгогодишна девојка, моделот Аби Чемпион, го кажаа судбоносното „Да“ на 6 септември на гламурозна церемонија покрај езеро во Ајдахо.
Сè се случило далеку од очите на јавноста, а венчавката траела три дена и собрала мноштво познати лица. На венчавката присуствувале родителите на Патрик, легендарните Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, како и Роб Лоу, но и бројни колеги актери на Патрик.
Ексклузивни фотографии од овој важен настан беа објавени од Вог, а самиот Патрик подоцна ги сподели на својот Инстаграм профил.
Благодарение на нив, можевме да видиме дека невестата блескала во луксузна венчаница од модната куќа Цимерман, која ја опишала како „фустан од соништата“. Патрик Шварценегер се одлучил за впечатливо одело од Том Форд во нежна сина нијанса.
View this post on Instagram
Прославата започнала во петок, кога гостите собрани на ранчот „Гозер“ уживале во добредојде со скара во вестерн стил. За таа пригода, невестата избрала сосема поинаков, но подеднакво шармантен стајлинг, чипкан фустан со долги ракави од брендот Bec + Bridge, црни каубојски чизми и црна шапка.
– Вечерта во вестерн стил имаше сосема поинаква енергија и, искрено, беше една од најзабавните комбинации од целиот викенд – признала Аби.
Љубовната приказна на Патрик Шварценегер и Аби Чемпион
Аби Чемпион (28) има богата кариера како модел зад себе. Работела на модни ревии и кампањи за Balmain, Chanel, Elie Saab, Dolce & Gabbana и Miu Miu и ги красела насловните страници на Vogue Hong Kong, Japan и Adria.
Патрик (31) ја освои публиката со улоги во бројни серии, но најголемо внимание привлече со својата улога во третата сезона на хитот на HBO „Белиот лотос“.
Двојката е во врска од 2015 година, а се свршија во декември 2023 година за време на романтично запросување на плажа. Самиот Патрик призна дека веднаш по свршувачката отпатувал во Тајланд на седуммесечно снимање, но дека Еби му била најголема поддршка во текот на целото снимање.
– Ја запросив кон крајот на 2023 година, а една недела подоцна отпатував на снимање. За среќа, таа максимално ја поддржа мојата кариера како што јас ја поддржувам нејзината – изјавил тогаш Патрик за USA Today.