ТАЈМС ПОМОГНА ДА СЕ УАПСИ МОМЧЕТО КОЕ ГО РАЗОТКРИ ПЕНТАГОН Познатиот новинар Херш го критикуваше њујоршкиот весник
Во една таква ситуација, не можете да бидете шокирани што Тајмс, како „добар“ граѓанин, ќе се обрати до ФБИ… се разбира, јас сум (шокиран), но вие не можете да бидете, изјави тој во интервјуто алудирајќи на фактот што младиот 20-годишник беше уапсен токму при ваквата соработка на ФБИ со весникот.
Познатиот американски новинар Сејмур Херш, го критикуваше весникот Њујорк Тајмс затоа што ѝ помогнал на американската полиција ФБИ да го уапси 21-годишното момче кое е осомничено дека ги разоткрило стотината документи на Пентагон кои направија скандал во САД и пошироко.
Херш, кој годинава се врати во етерот со своја приказна за разнесувањето на цевките на Северен Тек во Балтичкото Море, овојпат се осврна на случајот со младиот Џек Тешеира, кој беше уапсен од ФБИ минатата недела.
Апсењето се случи откако ФБИ соработуваше со Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост за да се открие идентитетот на момчето, кое инаку на Јутјуб е познато под псевдонимот Леле Мао. Неговото име е Џек Тешеира. Њујорк Тајмс го лоцираше домот на Тешеира во Масачусетс и разговараше со неговата мајка.
Latest Going Underground:
Sy Hersh on whistleblowing #NordStream and its connection to @snowden.https://t.co/jTQXkOdpK9 https://t.co/9ZDjNyXmu9
— Afshin Rattansi (@afshinrattansi) February 25, 2023
– Не ме терајте да критикувам во врска со весниците – печатот е во ситуација да нема шанси да ме победи – рече Херш на прашањето за ова прашање за време на интервју со Афшин Ратанси.
Херш, кој има 86 години, самиот пишувал стории за Њујорк Тајмс и освојувал награди, меѓу кои и Пулицеровата награда. Но, вели дека никогаш во истражувачките стории не ги откривал имињата на луѓето или на изворите.
– Во една од најважните приказни што ги напишав (во 1974 година) за шпионирањето на американските граѓани на ЦИА, никој не беше именуван – рече тој.
Според Херш Њујорк Тајмс целосно станале „про-Бајден“ медиум. Тој вели дека весникот не објавил за неговиот неодамнешен напис за експлозијата во гасоводот Северен Тек за која тој вели дека била дело на американските маринци од НАТО и Норвешка.
Херш тврдеше и дека американските медиуми се преплашени слично како што биле преплашени кога во 2017 година Доналд Трамп дојде на власт во САД.
– Во една таква ситуација, не можете да бидете шокирани што Тајмс, како „добар“ граѓанин, ќе се обрати до ФБИ… се разбира, јас сум (шокиран), но вие не можете да бидете – изјави тој во интервјуто алудирајќи на фактот што младиот 20-годишник беше уапсен токму при ваквата соработка на ФБИ со весникот.
ШПИОН, СВИРКАЧ, ИЛИ ОБИЧЕН ИДИОТ? Кој е Џек Тешеира, уапсен за протечените документи од Пентагон?