Тајландскиот крал избега од коронавирусот на Алпите, и си направи харем

1,514

Сите германски хотели се затворени поради пандемијата на коронавирусот, освен еден.

Кралот на Тајланд Маха Вајиралонгкорн (67) и неговата придружба, неколку жени и слуги,  добиле, се чини специјална дозвола за да се засолнат во самоизолација во „Гранд хотелот Соненбишл“, лоциран на падините на Алпите во јужна Германија.






Портпаролот на локалните власти во Гармиш-Партенкирхен потврдил дека хотелот добил посебно одобрение за сместување на специјалните гости.

– Тие се единствена, хомогена група на луѓе кои никаде не се движат – рекол тој.

Меѓутоа, локалните медиуми пишуваат дека наместо да се придржува кон мерките, Маха направил приватна забава со дваесет жени во хотелот. Странските медиуми пишуваат дека станува збор за слуги, но и љубовници. Не е познато дали неговата сопруга била во хотелот за време на забавата.

Кралот не ја побегнал од својата земја заради ширењето на коронавирусот, но се затекнал во Германија во екот на пандемијата, но очигледно одлучил засега да не се враќа во својата татковина.

Поради тоа на социјалните мрежи го критикуваат Тајланѓаните кои живеат во странство, додека оние кои се во татковината тоа не можат да го направат, бидејќи навредувањето на кралот е противзаконско.

 

 

 

Поврзани содржини