Пејачката Тања Савиќ (35) одлучила после четири месеци да проговори за драмата што ја проживува заради одлуката на нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ да ги однесе нивните синови во Австралија без нејзино знаење, пишуваат српски медиуми.
Имено, пејачката тврди дека нејзиниот сопруг на некој начин ги киднапирал нивните синови Максим и Ѓорѓе, а како што пишуваат некои медиуми, тоа би можело да го чини парична и затворска казна Душан.
Тања уште од мај се обидува да го реши спорот со нејзиниот сопруг на мирен начин за да не ги сноси последиците, но сега таа одлучи да се бори за децата по секоја цена и да ги алармира државните органи да ѝ помогнат.
– Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе се реши проблемот, но откако ѝ забрани дури и да се слушаат по телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат испрати пријава и во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за прaвда се запознаени со нејзиниот случај и ќе направат сѐ за да ѝ ги вратат децата – рекол извор близок на Тања.
Тој твди дека законите во Австралија се многу остри и дека жените како мајки се многу заштитени па сигурно Тања би ги добила децата многу брзо, но проблем претставува тоа што децата се државјани на Австралија, а Тања сака да ги донесе со неа да живеат во Србија.
И самата пејачка потврдила дека започнала борба за старателство над децата, а објаснува и зошто не може туку-така да оди во Австралија и да ги земе децата.
– Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морам да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца, не можам туку- така да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум нивен државјанин. Тоа би значело дека децата сум ги киднапирала. Барав помош од нашата држава, но и од австралиските власти и сега чекам помош – рекла Тања.
Таа е свесна дека на сопругот му се заканува голема затворска и финансиска казна.
– Мојот сопруг ми направи најлошо нешто што може да се направи на една мајка – ми ги зеде децата. Тоа не смееше да го направи бидејќи не е човечки, а и со закон е забрането. Јас сакав сѐ да направам за него, го штитев, но ги помина сите граници – рекла пејачката.
ФОТО: Инстаграм