СЗО: Загрижувачко е дека се зголемува бројот на пациенти на интензивна нега, а сезоната на грип не е почната
Светската здравствена организација денеска предупреди дека ковид-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот, со загрижувачка брзина се шири во некои делови од северната хемисфера, на неколку месеци од почетокот на сезоната на зимски грип.
– Во некои земји почнавме де забележуваме загрижувачки трендови – изјави Марија Ван Керхов, технички директор на СЗО за ковид-19, во текот на емитување на социјалните мрежи.
– Гледаме зголемување на бројот на пациенти на одделите за интензивна нега во болниците, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови од САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната – додаде Ван Керхов.
Ван Керхов изјави дека во неколку земји е зголемен бројот на пациенти на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со ковид-19.