СЗО: За една недела 5 милиони новозаразени од ковид-19 во светот

Претходниот седумдневен рекорд е забележан од 14 до 20 декември, кога бројот на новозаболени изнесувал 4.612.790.

207

Бројот на заразени од коронавирус во светот се зголеми во текот на минатата недела за речиси пет милиони, што е рекорден број за една седмица од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено, од 4 до 10 јануари во светот се регистрирани 4.953.758 нови случаи, а во истиот период починале 85.436 лица.






Претходниот седумдневен рекорд е забележан од 14 до 20 декември, кога бројот на новозаболени изнесувал 4.612.790.

Во текот на минатата недела во Северна и Јужна Америка е потврден најголем број на новозаразени случаи, 2,5 милиони, а починале 38.000 пациенти. Европа забележи 1,8 милиони нови случаи на ковид-19 и 36.000 починати.

Поврзани содржини