СЗО: Во изминатите 24 часа со коронавирусот се заразиле над 338.000 луѓе
Бројот на потврдени случаи на ковид-19 во светот во претходните 24 часа е поголем од 338.000, покажуваат вечерашните податоци на Светската здравствена организација (СЗО).
Бројот на починати во изминатото деноноќие се зголеми за повеќе од 7.500, надминувајќи 2,46 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Повеќе од половина од заразените се во Северна и Јужна Америка (169.352), 102.325 во Европа и 27.040 во Југоисточна Азија