СЗО: Во Европа за 60 отсто зголемено семејното насилство

Семејното насилство над партнерот или детето има тенденција на зголемување во периодот на криза, посебно со рестриктивните мерки и изолацијата, воведени поради ширењето на новиот коронавирус.

262

Службите за брза помош ширум Европа регистрираа за 60 проценти повеќе повици од жени жртви на семејно насилство за време на изолацијата воведена поради пандемијата со Ковид-19, предупреди денеска европската канцеларија на Светска здравствена организација.

Семејното насилство над партнерот или детето има тенденција на зголемување во периодот на криза, посебно со рестриктивните мерки и изолацијата, воведени поради ширењето на новиот коронавирус.






– Земјите-членки во април утврдија зголемување за 60 отсто на итните повици од жени жртви на насилство од страна на партнерите во однос на минатата година – изјави директорот на европската канцларија на СЗО, Ханс Клуге на прес-конференција во Копенхаген.тој додаде дека такво зголемување е регистрирано речиси во сите земји.

Поврзани содржини