СЗО стравува од нов бран во Европа, расте број на ковид-заболени
Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Светската здравствена организација денеска соопшти дека заврши периодот на двомесечно континуирано намалување на случаите со коронавирус во Европа, предупредувајќи дека ќе има нов бран „доколку не останеме дисциплинирани“.
– Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге – пренесуваат француските медиуми.