СЗО: Случајот со АстраЗенека е повик за тревога

Ова е повик за тревога за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени, рече научничката на СЗО, Сумија Сваминатан,

1,637

Паузата што ја прави АстраЗенека со вакцината за коронавирусот откако на еден од учесниците во испитувањето се разболел, е „повик за тревога“, но тоа не треба да ги обесхрабри истражувачите, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Ова е повик за тревога за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени, рече научничката на СЗО, Сумија Сваминатан, на виртуелен брифинг во Женева.






– Не треба да се обесхрабруваме. Такви работи се случуваат, рече Сваминатан.

Светските влади очекуваат вакцината да помогне да се стави крај на пандемијата на ковид-19, што предизвика повеќе од 900.000 смртни случаи и глобални економски превирања, а вакцината на АстраЗенека што се развива со универзитетот Оксфорд СЗО ја окарактеризира како најперспективна.

Сепак, производителот на лекови оваа недела ги прекина тестовите во доцна фаза, откако на учесник во Велика Британија заболел од невролошки симптоми.

Поврзани содржини