Светската здравствена организација (СЗО) очекува бројот на заразени со коронавирус во светот веќе следната недела да достигне 10 милиони.
– Досега во СЗО се пријавени повеќе од 9,1 милиони случаи на инфицирани и повеќе од 470.000 смртни случаи – изјави денеска директорот на СЗО, Тедрос Аданом Геберејсус, пред новинарите во Женева.
Во првиот месец од епидемијата беа пријавени помалку од 10.000 случаи, а во последниот месец речиси четири милиони.
– Очекуваме следната недела, вкупниот број на случаи да достигне 10 милиони – предупреди Тедрос.
Тој повтори дека секој има одговорност да направи се што може за да го спречи ширењето на вирусот и да спаси животи.