СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70 отсто од популацијата за се спречи ковид-19

208

Околу 60 до 70 отсто од светската популација треба да се вакцинира за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Таква проценка е направена врз основа на неколку истражувања, истакна на прес-конференција во Женева шефицата на СЗО во одделот за вакцинирање, Кетрин О’Брајан.






Таа нагласи дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако повеќе би се знаело за вакцините кои се досега тестирани.

Навистина е важно да почнеме да добиваме повеќе информации, додаде претставничката на СЗО.

О’Брајан изјави дека „освен сознанијата колку вакцините се во состојба да ја спречат заразата со , прашање е дали не дозволуваат задржување на вирусот во носот и грлото кај луѓето кои немаат симптоми и дали му отежнуваат на вирусот да се пренесува од едно на друго лице

Поврзани содржини