СЗО: Пандемијата годинава може да биде потешка од 2020

По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша отколку што ќе се подобри, рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19.

1,091

Втората година од пандемијата на ковид-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Влегуваме во втората година од пандемијата, што може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот – рече претставникот на СЗО, Мајк Рајан.






СЗО, во најновиот извештај, наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

– По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша отколку што ќе се подобри – рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19.

Поврзани содржини