СЗО: На вирусот да се удри со целата сила на системот

319

Земјите кои не ги користат сите расположливи механизми во борбата против коронавирусот, ќе се мачат да го совладаат, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Некои земји пристапија фрагментарно во борбата против пандемијата и пред тие земји е долг и трнлив пат, предупреди првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус без да прецизира на кои земји мисли.






– Само државите кои ќе придвижат систем способен да почне сеопфатен пристап во борбата против коронавирусот, ќе можат да ја спречат епидемијата и да избегнат ново воведување вонредна состојба – истакна Гебрејесус.

Во врска со неодамнешните вести за новиот вирус кој се пренесува од свињи на луѓето и има пандемски потенцијали, експертот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан изјави дека е важно луѓето да не бидат загрижени, затоа што „не станува збор за нов вирус, туку вирус кој е под надзор“.

Поврзани содржини