СЗО: Може да се избегне вториот бран на ковид-19

Ваквото сценариот може да се случи само доколку се преземат превентивни мерки - вели Клуге.

703

Вториот бран на инфекција со коронавирусот не е неизбежен, но може да се избегне доколку се преземат превентивни мерки.

Во исто време, останува заканата од повторна појава на епидемијата.






Ова го соопшти директорот на регионалната канцеларија за Европа на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге на брифинг во Копенхаген.

– Вториот бран не е неизбежен. Но, поголем број на земји ги намалуваат ограничувањата и постои јасна закана од повторна појава на инфекција со ковид-19. Ако не се спречат овие епидемии, вториот бран би можел да дојде и може да биде многу деструктивен – вели Клуге во интерјву за „Телеграф“.

Според него, држави ширум светот веќе научиле многу од почетокот на годинава да се борат со епидемијата.

– Добрата вест е што научивме многу од првиот бран. Ако се појави повторно, ќе бидеме подготвени подобро, веќе го знаеме вирусот подобро, какви мерки се потребни, како да се подготвиме – продолжи Клуге.

Тој ја истакна дека е потребно сите да бидат внимателни кога станува збор за коронавирусот.

Поврзани содржини