СЗО: Мајките треба да дојат и кога имаат ковид-19

– СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење - рече Тедрос на прес-конференција.

264

Мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако имаат Ковид-19, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, затоа што придобивките го надминуваат ризикот од зараза.

– СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење – рече Тедрос на прес-конференција.






Со оглед на тоа што светот ја одбележува Неделата за подигнување на свеста за доењето, Тедрос во контекст на тековната пандемија рече дека многуте предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19.

Поврзани содржини