СЗО истражува зошто има многу заразен медицински персонал со ковид-19

Во повеќето случаи, смета тој, станува збор за недостиг од искуство при работа со патогени на дишните патишта, долготрајните смени на лекарите и работата со голем број пациенти без доволно одмор.

315

Светската здравствена организација (СЗО) ги истражува причините за масовното заразување на медицински персонал со коронавирус во повеќе држави од светот.

– Од многу земји пристигнуваат информации дека бројот на заразени лекари, сестри и други медицински лица достигнал и до 10 отсто од вкупниот медицински персонал,  а тоа е алармантна тенденција – изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.






СЗО ги истражува причините за оваа појава врз основа на информациите од Италија, САД, Шпанија, Кина и Сингапур. Во повеќето случаи, смета тој, станува збор за недостиг од искуство при работа со патогени на дишните патишта, долготрајните смени на лекарите и работата со голем број пациенти без доволно одмор.

– Податоците покажуваат дека заразата може да се спречи доколку медицинските работници правилно ги ставаат и носат личните заштитни маски и облека. Пристапот на таквите луѓе до маски, ракавици и други средства за индивидуална заштита е многу важна за тие да можат сами да ја вршат безбедно својата работа – подвлече д-р Гебрејесус.

Поврзани содржини