СЗО: Десет отсто од заразените во светот се лекари

Лекарите и медицинските сестри не само што го ставаат во опасност својот живот, туку многу од нив исто така доживуваат физичко и психичко исцрпување од исклучително стресната работа за време на пандемијата - рече Тедрос.

263

Повеќе од 1,3 милиони лекари ширум светот се заразени со новиот коронавирус, соопшти Светската здравствена организација.

– Досега, околу 10 проценти од сите случаи на Ковид-19 во светот се меѓу медицинските работници, нагласи шефот на СЗО – Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешната прес-конференција во Женева.






Според организацијата, во светот има 13,4 милиони инфекции.

– Лекарите и медицинските сестри не само што го ставаат во опасност својот живот, туку многу од нив исто така доживуваат физичко и психичко исцрпување од исклучително стресната работа за време на пандемијата – рече Тедрос.

– Сите ние им должиме многу на здравствените работници – додаде тој.

Поврзани содржини