СЗО демантира дека Кина го „купила“ директорот Тедрос

274

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги демантираше американските обвинувања дека нејзиниот извршен директор, Тедрос Адханом Гебреијсус, е „купен“ од кинеската влада, јави ДПА.

Според извештаите на медиумите, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вчера го обвини првиот човек на СЗО, Етиопиецот Тедрос, на средба со британските парламентарци.






– СЗО не стравува од таквата изјава, но  остро ги отфрламе сите напади и неосновани обвиненија – се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.

– СЗО ги повикува државите да останат фокусирани на справувањето со пандемијата што предизвикува трагично губење на животите и страдања –  се додава од организацијата.

Помпео на затворениот состанок со поканети британски пратеници вчера изјави дека неговото тврдење се темели на „цврсти сознанија на разузнавањето“, но тој не даде детали, пренесоа „Тајмс“ и другите британски медиуми.

Поврзани содржини