СЗО: Да се спречат биолошките ризици при екстерминација на куните

Шефот на секторот за технички прашања во СЗО, Марија ван Керјхова изрази загриженост поради пренесување на новиот коронавирус од канадските куни на луѓето и укажа дека таквиот ризик е значително помал кај другите животински видови.

252

Светска здравствена организација (СЗО) изрази загриженост поради биолошките ризици во Данска, каде поради масовното ширење на ковид-19 помеѓу канадските куни, се спроведува масовна екстерминација на тие животни.

Шефот на секторот за технички прашања во СЗО, Марија ван Керјхова изрази загриженост поради пренесување на новиот коронавирус од канадските куни на луѓето и укажа дека таквиот ризик е значително помал кај другите животински видови.






– Работиме со нашите регионални центри. Таму каде што има одгледувалишта на канадски куни, се обидуваме да обезбедиме биолошки безбеден процес на екстреминација и да спречиме да се пренесува заразата од животните на луѓето – посочи Керкехова.

Поврзани содржини