СЗО бара итна истрага за смртоносниот синдром кај децата поврзан со ковид-19

567

СЗО бара итна истрага за смртоносниот синдром кај децата поврзан со ковид-19.

Претставницвите на СЗО ги повикаа лекарите ширум светот да соработуваат со националните власти и Светската здравствена организација. Препораката доаѓа, откако во САД и во Европа периодов се забележани стотина случаи на редок синдром, поврзан со „кавасаки болеста“, меѓу кои и неколку со смртни последици.






 – Изминатите недели, извештаите од Европа и од Северна Америка опишуваат мал број на деца , кои биле на интезивна нега, каде се појавува воспалителен процес, со истовремени симптоми на „кавасаки болеста“ и синдром на токсичен шок. Овој синдром можеби е поврзан со ковид- 19 – вели директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена за делумно враќање на финансирањето на Светската здравствена организација  пренесе  „Фокс њуз“.

Администрацијата ќе се согласи да плати ист процент како Кина.

Поврзани содржини