Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата, изјави епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керх.
– Врз основа на податоците што ги имаме, се чини дека ретко лице без симптоми го пренесува (вирусот) на друго лице – нагласи таа.
Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, што детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаии и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи.
Ван Керх рече дека луѓето кои немаат симптоми на ковид-19, често развиваат лесна форма на болеста, јави Си-Ен-Ен. Во исто време, таа повтори дека вирусот се шири преку капки, што се ослободуваат кога некој кашла или кива.