СВРТИ ГО ЦЕЛО СКОПЈЕ СО АВТОБУС Новиот дневен билет ќе чини 120 денари
Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење, велат од ЈСП.
ЈСП „Скопје“ ќе воведе дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз кој ќе чини 120 денари и со него ќе може да се возите цел ден, каде и да сакате, кога и да сакате, објави „Сакам да кажам“.
– Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите – велат од ЈСП „Скопје“.