СВЛЕЧИШТE ПРОГОЛТА ЦЕЛА ЧЕТА ВОЈНИЦИ Загинаа 23, а 42 се водат како исчезнати

Во спасувачката мисија учествуваат 800 спасувачи и припадници на полицијата и армијата, кои трагаат по исчезнатите.

252

Страотна трагедија се случи на индонезискиот остров Јава, кога лизгање на земјиште проголта цела чета војници на индонезиската армија. Војниците одржувале воена вежба во селото Пасир Бара, кое претходниот ден било погодено од обилен дожд, што предизвикал лизгање на земјиштето.

На самото место загинаа 23 војници кои беа заробени под наслагите кал, а уште 42 лица се водат како исчезнати, соопшти портпаролот на индонезиската морнарица.






Според индонезиската морнарица, инцидентот се случил поради екстремните временски услови со обилни дождови, кои предизвикаа свлечиште на местото на обуката.

Во спасувачката мисија учествуваат 800 спасувачи и припадници на полицијата и армијата, кои трагаат по исчезнатите.

Инцидентот се случи два месеца откако во поплавите и свлечиштата на островот Суматра загинаа 1.200 луѓе.

Поврзани содржини