Свлечиште на патот од Кавадарци кон село Бегниште

465

Поради обилните врнежи од дожд, има појава на свлечиште на патот од Кавадарци кон селата Ресава и Бегниште, информираат од кабинетот на градоналалникот Митко Јанчев.

Воедно, предупредуваат од таму, возачите кои сообраќаат по овој пат да бидат внимателни. Свлечиштето ќе биде санирано во текот на утрешниот ден.






„Поради лошите временски услови и обилниот дожд, предизвикано беше и свлечиште на патот Кавадарци -Мушов гроб. Тоа беше веднаш санирано и патот е слободен за сообраќај“, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот.

Поради лошите временски услови и врнежливото време, неколку стебла се паднати по течението на реката Луда Мара во селото Марена. Екипи работат на терен за да се отстранат стеблата и да се запре излевањето на водата од речното корито.

Поврзани содржини