Од попладнево тетовскиот и скопскиот регион се зафатени од силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, крупен град, грмотевици и со засилен ветер.
По невремето на автопатот Скопје-Тетово се појави свлечиште.
Возилата се движат споро заради земјата од свлечиштето која се наоѓа на автопатот.
Поради невремето во тетовско, цело семејство е заглавено во куќа.
„Во поплавена куќа во општина Јегуновце во село Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување“, информираат од ЦУК.
фото: ТВ 21