СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ ВО ЦРВЕНО ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Падна и вредноста на доларот

Доларот ослабе во однос на јапонскиот јен за 0,8% и во однос на швајцарскиот франк за 0,5% - валути кои инвеститорите традиционално ги гледаат како „безбедни засолништа“ во нестабилни времиња. Индексот на доларот падна од 102,95 на 102,20 поени, додека еврото зајакна на 1,1045 долари.

275

Цените на акциите остро паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниските нивоа во една година, откако утрово стапи на сила последниот сет од царини на американската администрација.

На азиските пазари, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за речиси 2%. Јапонскиот Nikkei потона за повеќе од 4%, додека индексите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6% и 1,9%.






Единствено благ пораст забележаа кинеските берзи, но инвеститорите беа претпазливи во тргувањето.

Фјучерс индексите во Европа и на Волстрит влегоа во црвената зона. Фјучерсите на Eurostoxx 50 паднаа над 3,5%, додека Nasdaq и S&P 500 беа во минус од над 1,5%.

На Волстрит сите главни индекси забележаа пад. Индексот S&P 500 падна за 1,57%, паѓајќи на најниско ниво од април минатата година, додека Nasdaq загуби 2,15%, а Dow Jones 0,84%. S&P 500 сега е 19% под највисокото ниво во февруари.

Покрај падот на акциите, пазарите ги потресоа и движењата на валутите. Доларот ослабе во однос на јапонскиот јен за 0,8% и во однос на швајцарскиот франк за 0,5% – валути кои инвеститорите традиционално ги гледаат како „безбедни засолништа“ во нестабилни времиња. Индексот на доларот падна од 102,95 на 102,20 поени, додека еврото зајакна на 1,1045 долари.

Во меѓувреме, кинеската централна банка дозволи јуанот да падне на најниско ниво од септември 2023 година. Ова беше прокоментирано од американската администрација како обид на  Пекинг за валутна манипулација.

аналитичарите велат дека ситуацијата дополнително се усложнува со порастот на приносите на американските обврзници, што наведува дека странските инвеститори – првенствено кинеските – може да почнат да го повлекуваат капиталот од САД.

Индексот на нестабилност на пазарот (VIX), познат и како „индекс на страв“, скокна на највисоко ниво од пандемијата во 2020 година, што укажува на сериозна загриженост кај инвеститорите.

Негативно реагираа и нафтените пазари – цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар падна за 4,14%, на 60,25 долари, додека американскиот пазар забележа пад од 4,55%, на 56,90 долари.

 

Поврзани содржини