Светскиот топмодел шокираше со фотографијата на која добива инфузија помеѓу снимања! ФОТО

1,177

Манекенката Бела Хадид (24) живее раскошен живот и често објавува фотографии од разни настани на социјалните мрежи, а сега првпат јавно проговори за автоимуната болест од која страда и откри како го поминува времето помеѓу снимањата и ревиите на модните писти.

Бела на својот профил на Инстаграм објави фотографија снимена во некоја гардероба и додека фризерката ѝ ја средува косата, се гледа и како прима инфузија која ѝ е неопходна во борбата со болеста.






Манекенката откри дека таа, како и нејзиниот брат и мајка, боледуваат од лајмска болест.

Лајмска болест е инфективна болест предизвикана од бактеријата Борелија бургдорфери, која се пренесува преку заразени крлежи. Може да доведе до хронична, мултисистемска болест која може да зафати кој било орган и да доведе до бројни здравствени компликации.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини