СВЕТСКИОТ ШАХИСТ ГИ МАТИРАШЕ ХЕЈТЕРИТЕ Карлсен ги продава фармерките поради кои го дисквалификуваа

Иако мајсторот изјави дека повеќе нема да учествува на турнирите под покровителство на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), тој во јануари се појави во шорцеви на Светското првенство во Блиц и ја сподели титулата со Русинот Јан Непомнијахчи.

789

„Забранетите фармерки сега може да бидат ваши. Ги ставам фармерките на аукција. Никогаш не мислев дека ќе напишам вакво нешто. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворен фонд“.

Вака напиша светскиот шампион во шах Магнус Карлсен на својата страница на социјалната мрежа Икс. Норвежанецот ги продава фармерките поради кои беше дисквалификуван од Светското првенство во брз шах во Њујорк лани во декември.

 







Иако мајсторот изјави дека повеќе нема да учествува на турнирите под покровителство на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), тој во јануари се појави во шорцеви на Светското првенство во Блиц и ја сподели титулата со Русинот Јан Непомнијахчи.

Претседателот на федерацијата ФИДЕ rеши да го релаксира кодексот на облекување за ова првенство.

 

 

Поврзани содржини