Светскиот ден на готвачите годинава е посветен на темата: Здрава храна за иднината!
Од 2004.година наваму, 20.октомври се прославува како Меѓународен ден на готвачите, а неговата тема годинава е насочена кон одржливоста и животната средина. - За да се обезбеди здрава планета за идните генерации, од витално значење е да започнеме да ги учиме нашите деца за влијанието што производството и потрошувачката на храна навистина го имаат врз животната средина - порачуваат готвачите
Денеска, 20. октомври, се прославува Меѓународниот ден на готвачите, чија професија важи за една од најстарите професии на светот. Имено, првите рецепти се зачувани уште од времето на древните цивилизации. Затоа, не е тешко да се открие што сакал да јаде еден царот или фараон пред илјадници години.
На крајот на средниот век, Италија станала центар на кулинарската извонредност. Во Русија, професијата готвач се појавила во 11 век, а кулинарската уметност како посебна наука се појавила дури во 18 век, кога Санкт Петербург станал средиште на кулинарскиот развој.
Меѓународниот ден на готвачите почнал официјално да се одбележува во 2004. година, во повеќе од 70 земји на светот.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pexels