СВЕТСКИ ТЕНОР НА СРЕДБА СО МЕЏИТИ ВО ЧАРШИЈА Скопје ќе биде домаќин на „Порта на културата“

Според Меџити, „Порта на културата“ ќе прерасне во нова традиција што ќе ги промовира албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.

156

Скопје ќе биде домаќин на Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“, единствен настан што ќе ја обедини музиката, театарот, филмот, литературата и ликовната уметност на една сцена, најави денеска првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити.

Тој во Скопје го пречека светски познатиот тенор Раме Лахај, со кого оствари пријателска средба во Старата скопска чаршија.






По средбата, Меџити на социјалните мрежи ја најави новата иницијатива – мега проект во сферата на културата, кој ќе ги врати Чаир и Скопје во центарот на културната мапа на Албанците.

Меџити му ја претстави идејата за овој фестивал на познатиот тенор, при што биле споделени заеднички визии.

Според Меџити, „Порта на културата“ ќе прерасне во нова традиција што ќе ги промовира албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.

Поврзани содржини