Светски познат виролот испитува дали вакцината против полио може да ни обезбеди привремен имунитет против коронавирусот (ВИДЕО)
Оралната вакцина за полио, што сите ја добиваме како деца, би можела да се употреби за стекнување привремен имунитет против коронаворусот, тврди д-р Роберт Гало, светски познат американски виролог, во интервју за Пи-Би-Ес, што го пренесува познатата новинарка Кристијан Аманпур.
Д-р Гало се повикува на истражувања на руски научник, чиј син работи во Американската агенција за примена на храна и лекови. Тие истражувања покажале дека вакцината за полио е ефикасна за спречување на грип. Американскиот виролог верува дека ако се употреби орална вакцина за полио, таа би можела на организмот да му обезбеди имунитет и против коронавиорус во траење од месец или два, можеби и подолго.
Д-р Гало планира да спроведе тестирања на оваа метода во Балтимор и во Њујорк. Тој вели дека употребата на вакцината за полио, особено за луѓе кои веќе се вакцинирани, е целосно безбедна.
Американскиот виролог е коосновач и научен советник на Global Virus Network, мрежа од научници во светот кои разменуваат искуства во борбата против вирусите.
Погледнете го видеото на Amanpoour and Copany: