СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА Се родија шест пара близначиња лемури

Годинава имаме најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат добивме шест пара близначиња што е светски феномен, соопшти скопската Зоолошка градина.

1,446

Во скопската Зоолошка градина годинава има најмногу подмладоци од лемурите кои потекнуваат од Мадагаскар.

Но, овојпат, токму во нашата зоолошка градина забележан е светски феномен, бидејќи се родиле дури шест пара близначиња.






„Годинава имаме најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат добивме шест пара близначиња што е светски феномен. Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта сѐ повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките“, се вели во соопштението на скопската ЗОО.

Поврзани содржини