СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ Како да зборуваме за рана детекција и превенција без скрининзи?
„Во пандемијата дојдоа до израз многу проблеми, сите дијагностички процедури беа сопрени, луѓето не може да направат ниту контролни прегледи навреме бидејќи се чекаше многу месеци, а од друга страна, како да зборуваме за рана детекција и превенција кога сите скрининг програми беа сопрени“, запраша денес Биба Додева, претседателка на здружението „Борка“.
На онлајн прес-конференција која ја организираше здружението за борба против ракот „БОРКА – За секој нов ден”, по повод Светскиот ден за борба против ракот, новиот министер за здравство Беким Сали истакна дека заедно со сите невладини организации и со клиниките за онкологија, хематологија, педијатрија, гинекологија, хирурзите, ќе се фокусира на тоа заеднички да создадат план за превенција, односно за рано детектирање и спроведување скрининг програми низ целата територија на државата.
Тој вети дека ќе се преземат активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка, дека ќе спроведат конкретни активности за да се олесни пристапот во дијагностиката и здравствените услуги кои се потребни за следење на болеста, но ќе продолжат и со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да го спаси животот на многу пациенти.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.