СВЕТСКАТА СЕНЗАЦИЈА АДЕЛ СЕ ВРАТИ Објави нова песна и објасни која е темата на албумот (ВИДЕО)
Таа пее за простувањето поради сопствените грешки во минатото и се осврнува на пропаднатиот брак.
Кога се појави, беше вистинска светска сензација, издаде три албуми, а потоа направи долга пауза.
Адел денеска ја објави првата нумера, „Easy on me“, од четвртиот студиски албум, а веќе има над 30 милиони прегледи. Во црно-белото видео, Адел како и порано се води од доживеаните емоции коишто ги преточи во ноти и зборови. Таа пее за простувањето поради сопствените грешки во минатото и се осврнува на пропаднатиот брак.
Пејачката неодамна на социјалните мрежи одговораше на прашањата во врска со новиот албум, а кога некој ја праша за темите на претстојниот албум, таа едноставно одговори:
„Развод, душо, развод.“
Пејачката во јануари се разведе од Сајмон Конецки со кого има осумгодишен син Анџело, а повторно ја пронајде љубовта во Пол Рич, агентот на кошаркарот Леброн Џејмс.