СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА „СЕСТРИ“ Филмот на Дина Дума прикажан во Карлови Вари

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

524

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, вчера ја доживеа својата светска премиера на престижниот фестивал од А-категорија во Карлови Вари, Република Чешка.

Како што соопштуваат од продуцентската куќа, филмот е дел од компетитивната официјална програма East of the West (Источно од Западот). Оваа селекеција е наменета за автори на прв и втор долгометражен филм од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот Исток и Северна Африка.






„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Филмскиот фестивал во Карлови Вари се одржува од 20 до 28 август. Тој е најголемиот фестивал во Република Чешка и најпрестижен во Централна и Источна Европа. Еден е од најстарите филмски фестивали од А категорија, заедно со фестивалите во Кан, Верлин, Венеција, Локарно, Сан Себастијан.

Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро и Антонија Белазелкоска.

Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Поврзани содржини