Светска банка: Владата спроведе навремени мерки за справување со ковидкризата

Претставникот на Светска банка смета дека мерките треба да бидат целни и особено да се земат предвид ранливите категории.Тој додаде дека треба да се продолжи со политиките во кои на прво место ќе биде ставено здравјето,

346
Одговорот на Владата за справување со кризата во земјава беше навремен, изјави директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Масимилиано Паолучи.





Тој рече дека мерки имаше и  има, но јасно е дека треба да продолжат.
– Во Северна Македонија, како и во секоја земја има влијание од пандемијата врз економијата и тоа влијание зависи од капацитетот на земјата. Најраните и најјаките мерки ќе го намалат влијанието особено врз ранливите. Властите имаат воспоставено одговори и тоа навремен одговор во ресурси. Некогаш има одложување, бидејќи имавме избори, кои, исто така, имаа одредено влијание врз континуитетот и во брзината на доставување, но имаше одговор и сѐ уште има и јасно е дека одговорот треба да продолжи и да се одговори како да се воспостават економските позиции на одржлив начин –  изјави Паолучи на заедничката прес-конференција  со министерот за економоја Крешник Бектеши и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Според него, мерките треба да бидат целни и особено да се земат предвид ранливите категории.Тој додаде дека треба да се продолжи со политиките во кои на прво место ќе биде ставено здравјето, бидејќи ако не се обрне внимание на здравјето ќе има зголемување на влијанието  на економскиот аспект на пандемијата, тоа се интервенциите од Владата кои се потребни во овој момент и дека треба да се фокусираме на реформи кои се клучни за да се обнови, одржи и зголеми растот.

 

Поврзани содржини