Светска банка: Пад од 20 отсто на дознаките од странство во светот

Се проценува дека најсиромашните луѓе во светот кои живеат со парична помош од роднини од странство, ќе бидат лишени од околу 100 милијарди долари.

215

Пандемијата на коронавирус доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите што им ги испраќаат.

Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство во светот ќе падне за 20 проценти оваа година.






Се проценува дека најсиромашните луѓе во светот кои живеат со парична помош од роднини од странство, ќе бидат лишени од околу 100 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.

За споредба, падот на вредноста на дознаките од странство заради светската економска криза во 2009 година беше пет проценти.

Поврзани содржини