СВЕТОТ ЗБОРУВА ЗА „НОВОТО ЛИЦЕ“ НА ЗГОДНИОТ АКТЕР Вишок килограми или премногу ботокс? (ФОТО)
Вчера го прослави 34-тиот роденден, а може да се забележи дека Зак Ефрон многу се променил.
Кога пред 15 години ја сними серијата „High School Musical“, Зак Ефрон ги полуде фановите ширум светот. Со сините очи, тој тинејџер ги освои срцата на девојчињата и стана планетарно популарен.
Вчера го прослави 34-тиот роденден, а може да се забележи дека Зак многу се променил. И притоа не се мисли на природната промена во физичкиот изглед што се јавува со возраста, туку на неприродните промени во неговото лице што многу ги шокираат неговите обожаватели.
Гостувајќи на доделувањето на наградите „EarthShot“, кои го организираше принцот Вилијам во склоп на Кралската фондација, Ефрон зборуваше за климатските промени и опасностите што ги носат промените, но најмногу се најде во центарот на вниманието на јавноста поради изобличеното лице, со што сѐ повеќе луѓе се сомневаат дека Зак се подложил на третмани со ботокс.
„Одбивам да верувам дека ова е Зак Ефрон“, „Сигурно бил на ботокс“, „Штотуку го видов ова и буквално плачам. Те молам, Зак, кажи ми дека сето ова е кошмар“, „Зак исчезна и се обидоле да го заменат, но немале средства, па му нашле лоша копија“, напишале шокираните обожаватели на социјалните мрежи.
На Твитер обожавателите полуделе и правеле споредби со неговото лице пред неколку години и сега.
Иако Ефрон никогаш не зборувал за тоа дека се подложил на естетски зафати, корисниците на социјалните мрежи заклучиле дека Зак ставил ботокс во устата, но и во вилицата, што целосно го искривило неговото лице.
Сепак, неговите најверни обожаватели коментираат дека Зак сѐ уште изгледа одлично и дека има само неколку килограми повеќе, што актерот ги „нафрлил“ поради новата улога.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб